Проект

EU-HCWM е проект кој ке се изведува во период од 3 години и завршува во Декември 2016. Во овој период, проектот има за цел да постигне 5 главни цели кои ке влијаат на изработката на пакетот за обука на управители со медицински отпад, прифатливо за употреба во сите земји членки на ЕУ.

Главните цели на проектот се;

Анализа и достапност на постоечките професионални едукации во земјите членки на ЕУ, претставени од свои претставници

Развој на ЕУ стандардизирана програма за едукација на здравствени работници

Изработка на едукативни материјали кои ке се користат во едукацијата

Развој на e-learning платформа преку која ке се изведува едукацијата

Поставување на мрежа на здравствени професионалци во ЕУ

За да ги оствари целите на проектот, активностите се разделени во работни пакети. Следниве активности се превземени за изравотка на работните пакети за поддршка на основните цели на проектот:

РП 1: управување на проектот

РП 2: Управување со квалитет – обезбедувањето  на квалитетот проектот во однос на целите и очекуваните резултати ке биде изведено преку развој на План за Квалитет и континуиран надзор во тек на целиот проект. Извештајот за квалитетот на проектот ке биде вклучен во крајниот извештај на проектот. Мерливи индикатори ке бидат дефинирани, како и поставување на  вредности за остварување на целите на проектот со целл да се обезбеди навремено и ефикасно изработка на проектните материјали.

РП 3: Развој на стратегија за проценување и имплементација – Овој пакет ке вклучува развој на алатки кои ке бидат користени за процена и анализа на постоечките Стандарди, Едукација и  Вештините на управителите со медицински отпад. Секој партнер ке биде одговорен  за поставување на мрежа во сопствената земја, која ке биде одговорна за полесна организација редвидените проектни активности за постигнување на целите и планот за имплементација  на проектот. Партнерите истотака ке бидат одговорни за припрема на проценките во своите земји.

РП 4: Развој на Национални Професионални Стандарди за управител со медицински отпад – За оваа цел ке биде изработен компаративен извештај од резултатите на проценката на РП3. Користејки ја компаративната анллиза како водич, ке биде изработен нацрт на Нациоанлен Професионален Стандард за позициите на управители со медицински отпад во здравствените установи. Истиот ке биде циркулиран помегу партнерите на проектот и ревидиран и одкако ке се развие главната верзија истата ке биде предадена на иституциите во секоја земја за ревизија.

РП 5: Изработка на Програма за профеционална едукација – Секој партнер ке прпреми модул за едукација во согласност со  експертизата на партнерите.  Нацртот на Програмата за професионална едукација ке биде циркулирана помегу партнерите и нивните мрежи со цел да биде адекватно ревидирана.

РП 6: Оценување – Секој партнер е одговорен за внатрешно и надворешно оценување на разработените Национални Професионални Стандарди и Едукациските материјали.

РП 7: Изработка на e-learning платформа – Изработката на e-learning платформа за Квалификација на Управители со Медицински Отпад (врз база на Националните Професионални Стандарди) ке биде организирана и координирана од страна на консултант за информациски технологии.

РП 8: Распределба на проектните материали – Поставување на Веб Сајт на проектот, форуми и преку социалните мрежи  на самиот почеток на проектот, организација на специјални настани за распределба на проектните материјали (работни состаноци, брошури, презентација во медиуми и организации)

РП 9:

РП10: План за имплементација, ширење на мрежа и развој – Припрема и реализација на планот за имплементација. Овој план ке вклучува и препорачана синергија помегу земјите членки на ЕУ, за подобрување на стандардизацијата за професионална едукација помегу сите земји преку користење на однапред прифатена рамка (Нациоални Професионални Стандарди). Мрежата во ЕУ ке биде подоцна во оваа фаза

This project has been funded with support from the European Commission. This website reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.